543
Вечерва во 19.30 часот ќе се реализира почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, заради одбележување на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.
Во текот на денот делегации на МО и ГШ на АРМ ќе положат венци со свежо цвеќе на гробиштата Бутел, Скопје. Почнувајќи од 09 часот на партизанските гробишта, 09.10 на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, 09.25 на гробот починатиот претседател Киро Глигоров, 09.35 гробот на генерал Михајло Апостолски, 10.30 пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година на платото пред главниот влез на МО и ГШ на АРМ.