Холандија донира медицинска помош од половина милион евра за поплавените

by fokus

Кралството Холанција донира медицинска помош во вредност од 500.000 евра, која треба да пристигне оваа недела, пишува на Фејсбук страницата на Кралството Холандија и на официјалната интернет страница на амбасадата.

„Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да стигнат што е можно поскоро во погодените места за да се превенира состојбата, да не дојде со влошување“, стои во изјавата на министерката за развој Лилиан Плумен.

Во опремата има кислородни маски, апарати за мерење крвен пристисок, ќебиња, медицински инструменти, ханзапласт, завои.

Минатата недела, холандскиот експерт за води, Петер Глерум пристигна во Македонсија да го предводи тимот на Европска Унија за утврдување на штетите и проценка на состојбата во оваа балканска земја, стои во објавата на интернет страната на амбасадата.

Поврзани новости