ПОА: Владиката Јован добивал закани за негова ликвидација

by Фокус 13:02
13:02

Владиката Јован во скопскиот затвор Идризово е со нарушено здравје, без здравствена заштита и речиси целосно изолиран алармираат од Православната Охридска Архиепископија. Тие додаваат дека владиката секојдневно бил малтретиран од затворскиот персонал, а по наредба на Управата на затворот, вршеле безмилосен притисок врз него, по ослободувањето од затвор да ја напушти Македонија, во спротивно ќе биде ликвидиран.

На 27-ми Ноември во затворот го посетила неговата мајка, за да ги провери гласините што во последно време силно одекнуваат во јавноста.

- Advertisements -

– Ова е втора посета на неговата мајка годинава (таа е стара и тешко може да патува), а во последно време и никој друг не смееше да го посети Архиепископот. Имено, Неговото Блаженство Архиепископот охридски Јован двапати бараше од директорот на КПУ Идризово да му дозволи да го посетат членовите на Светиот Архиерејски Синод на ПОА, свештеници и монаси, но директорот тоа без образложение го одби. Мајка му, која го посети, всушност ни ги потврди гласините. Тоа е она што ја потресе оваа од Бога благословена возрасна госпоѓа, до степен непрестано да рони солзи и да тагува за своето чедо – се наведува во соопштението од ПОА:

Таа тврдела дека познавајќи го својот син, никогаш не би и кажал нешто ако навистина нема опасност за неговиот живот.

– Фактот што целосно противзаконски на Архиепископот Јован сè уште не му се дозволува да ја користи погодноста домашно отсуство, иако за тоа веќе цели десет месеци ги исполнува сите пропишани услови е всушност потврда на горереченото. Се јавивме во затворот да провериме зошто не му се одобрува дводневно домашно отсуство како на сите други затвореници што ги исполнуваат условите, а ниту им дозволуваат да го посетат, но ни беше одговорено дека директорот тоа го забранил, и тоа било исклучиво негово право да го направи и за било кој друг затвореник – се наведува во соопштението.

 

 

Поврзани новости