По вторпат одложено судењето на Архиепископот Јован

by Фокус

По вторпат во Основниот суд Скопје I беше одложено судењето на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, за обвинение за коешто тој веќе има издржано затворска казна. Новото судско рочиште е одложено за 2 ноември оваа година.

Од Православната охридска архиепископија информираат дека заедно со Архиепископот охридски г.г. Јован обвинети се уште двајца Епископи и повеќемина свештеници, монахињи и верници на ПОА.

– Архиепископот охридски г.г. Јован уредно се одзва на судската покана за почеток на судењето, коешто беше закажано за денеска, но во Основниот суд Скопје I му беше предочено дека почетокот на судењето е одложен – се наведува во информациите од ПОА.

Поврзани новости