По верижен судир во Грција мајка и ќерка во болница, Македонецот ќе се брани од слобода

by Fokus
Пуштен е да се брани од слобода Македонецот кој учествуваше во сообраќајната несреќа вчера во Грција, на патот од Солун кон Атина, во која загина мотоциклист на околу 40 години. По несреќата македонскиот државјанин беше приведен во полициска станица во Солун, а утринава беше изнесен пред истражен судија.

Како што дознаваме во возилото со кое управувал, удрило друго возило управувано од жена и нејзината ќерка. И двете се здобиле со повреди поради што биле хоспитализирани.

По ударот еден од автомобилите се накривил и влегол во друга лента по што во него се забил мотоциклистот кој починал на лице место.

Случајот го потврдија од МНР од каде рекоа дека на македонските државјани им била обезбедена потребната помош од конзуларното претставништво во Солун.

М.В.

Поврзани новости