По удар од гром во Прилеп изгореа четири куќи

by fokus

Во вчерашното невреме во Прилеп гром удрил во една куќа и предизвикал пожар, кој потоа се проширил и на соседните три куќи.

Пожарот се случил на улица Козара околу полноќ, а четирите куќи целосно изгореле.

ТППЕ Прилеп веднаш интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари и го гаснела огнот до три часот по полноќ, кога и бил изгаснат. Нема повредени лица.

Поврзани новости