441
Во изјава која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предмалку ја даде пред партиското седиште, откри дека вечерва СДСМ ќе го достави предлогот за составот на новата влада до Собранието, заедно со владината програма.
-СДСМ во 19 часот закажа Централен одбор, кој беше избран вчера, се надевам дека ќе донесеме најпаметни одлуки коишто може да бидат најдобро решение за граѓаните. После Централниот одбор, како најголема партија, бидејќи завршија разговорите со коалиционите партнери, тоа значи објавување на предлог листа и доставување до Собранието за целиот владин кабинет и за новата програма на новата влада, рече Заев.
Тој додаде дека денеска ќе се знае дали БЕСА ќе биде дел од новата влада или не.