Во синоќешната акција на МВР затворени 13 угостителски објекти, приведени четворица малолетници од кои двајца за користење дрога

by Fokus

По синоќешната акција на полицијата во Скопје, затворени се 13 угостителски објекти каде што не биле почитувани законските прописи во поглед на работното време, точење алхохол на малолетни места и неиздавање на фискални сметки, информираа од МВР.

– Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти. Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет – информираа од МВР.

Од страна на СВР Скопје беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 272 возачи и притоа кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол. Констатирани се и 49 други прекршоци за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.

 

Поврзани новости