Двајца тешко повредени при експлозија на плинска боца

by Fokus

Двајца кумановци се повредени кога поради невнимание при замена на цевка за плин, на патничко возило дошло до експлозија и запалување на инсталацијата за плин на возилото, информираа од МВР.

Според полицијата, повредените се наоѓале во каналот под возилото кога дошло до експлозијата од која што внатрешноста на истото целосна изгорела, а двајцата се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а опожарена била и гаражата.

Со возило на итната медицинска помош повредените биле пренесени во медицинскиот центар во Куманово, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Куманово.

Поврзани новости