435
Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес во стан на ул. „Беличица“, сопственост на С.С. (57) од с.Чегране, гостиварско, кој под наем го користи лицето И.А. (31) од Скопје заедно со лицето З.Р. (34) од Ростуше.
При претресот биле пронајдени и со потврда биле одземени две најлонски кесички со кокаин, една најлонска кесичка со марихуана, алуминиумска фолија со кокаин, кокаин истурен на маса, една тетратка со напишани иницијали и суми на пари. А.И. и З.Р. се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.