ТОП 10 – најнезаборавни изјави во Само Вистина

by fokus 10:34
10:34

Во времето на најголемите политички превирања, но и сега кога ситуацијата тлее на политички план, едно од студијата на најгледаната и најрелевантната дебатна емисија во „Канал 5“ е местото каде што на мегдан излегуваат и тие од „едната“ и тие од „другата“ страна. Во рок од само една година, во дебатниот ринг на „Само вистина“ се соочија повеќе од 200 неистомисленици.

Во налетот на страстите, кои неретко беа на работ на скандал, речиси сите гости кажале нешто за паметење. Меѓу сите тие изјави, издвојуваме 10 од најинтересните од „Само Вистина“:

- Advertisements -

На ниво на еден државен проект е направена една таква свињарија” – Мирослав Грчев за Скопје 2014.

Едно време се збореше дека ВМРО од нас Ромите ќе прави сапун, но јас сапунот го претворив во шеќер!“, „Кој е на власт, јас сум со вас“ – Амди Бајрам.

54 дена ќе седам уште во Македонија, ако не влезам во театар за овие 54 дена, драги мои пријателчиња, ќе морам ‘аста ла виста бејби’ да кажам, ‘пара тодо лос тјемпо’“ – Кирил Поп Христов.

Јазикот е средство за комуникација, не за доминација” – Исмет Рамадани.

Односот мој не е кон Заев, ниту кон Ахмети. Односот мој е кон Владата. И ако таа Влада, оваа сега, сметала дека со Али Ахмети ќе има нешто ново, тогаш жалам. Зошто се жалите на мојот песимизам, жалете се на вашиот луд оптимизам!“ – Арсен Зеколи.

Смешно е кога во 21 век зборувате за економија, а за двете соседни земји кои се на 250 км, треба да се патува 4-5 часа и кога камионите дури 80% од времето го поминуваат чекајќи на граница“ – Кочо Анѓушев.

Преговорите ги водат „неразбрани трговци“, не знаат да кажат „не“, сè се прифаќа. Грција виде дека се спремни да продадат сè, и тоа евтино. СДСМ веќе нема црвени линии за ништо“ – Влатко Ѓорчев.

Кога се бориш за држава нема екстремно! Екстремно е кога седиш како говедо во кланица, да бидеш идиот, тоа е ектремно!“ – Стефан Влахов Мицов.

Целта на Грците е да се избришат Македонците“ – Ристо Никовски.

Душмани да беа, ВМРО немаше толку да ја искрадат државата“ – Томислав Тунтев.

Богдан немаше доблест, можеше на најелегантен начин да каже „Пријатели одам“, но не, замина без збор и ни остави мала горчина на сите во За заедничка Македонија“ – Борис Дамовски.

Може да се сетите на некој поинтересен момент? Слободно надoполнете ја оваа листа.

И секако, гледајте „Само вистина“ секој работен ден на „Канал 5“ во 18.30 часот.

Поврзани новости