По поразот на изборите Ципрас размислувал за оставка, ама…

by Fokus

„Она што го помислив беше оставка, тоа беше првото чувство и не беше минливо, тоа беше нешто што ме мачеше со часови и денови, но кога го надминав шокот, сфатив дека единственото нешто што немам право да го правам е да дезертирам“ вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас по поразот на парламентарните избори во Грција.

На 21 мај СИРИЗА загуби од Нова демократија со над 20 отсто разлика. Во интервју за грчката телевизија „Стар“ Ципрас рече дека резултатот за нив бил „болен и голем шок“.

-За нас тоа беше шок, шок кој ни создаде големи чувства на тага и разочарување. Не го очекувавме. Затоа, во овој момент она што ни е важно е да го надминеме овој шок, да се прегрупираме и да ги исправиме грешките – рече Ципрас.

Откри дека по изборниот резултат помислил на оставка, но подоцна сфатил дека нема право да го стори тоа пред историјата и пред 1.200.000 граѓани кои гласаа за нив, дека нема право да дезертира и да ги остави сами неговите сопартијци „во тежок момент“.

Смета дека не ги чека реванш, бидејќи резултатот од претходното гласање нема да се најде на следните избори на 25 јуни.

Поврзани новости