485
Предмалку заврши распитот на началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е осомничен во случајот „Тврдина“. Тој на распит помина цели осум часа, а поради судењето за Дива Населба, прво исказот го даваше во Апелационен суд, па потоа продолжи во Кривичен суд.
Неговиот адвокатски тим на излегување од Судот соопшти дека распитот е завршен, а сега се очекува Судот да се произнесе по барањето на Специјалното јавно обвинителство за мерката притвор.