474
Руската и Српската православна црква го поздравија условниот отпуст на поглаварот на ПОА Јован.
Во соопштението на двете цркви се посочува дека здравствената состојба на поранешниот владика се разгледувала на средбата на српскиот патријарх Иринеј и рускиот митрополит Иларион во ноември во Белград, по која следуваше посетата на Иларион на Македонија.
Во него уште се додава дека рускиот патријарх Кирил го повикал Јован на лекување во Русија, кадешто ќе замине во наредните денови.