Ховит гледа политичко влијание врз судските постапки

by Фокус

Пратениците од групата на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент изразија длабока загриженост за развојот на настаните во Македонија, во однос на обвинувањата на премиерот Никола Груевски за шпионажа и уцени на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Еден од нив, поранешниот известувач за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, вели дека постои политичко влијание над одредени судски постапки селективната правда во земјата.

– Затоа, бараме независна и транспарентна истрага за обвинувањата, имајќи ги во предвид предлозите за зајакнување на владеењето на правото, забележани во Извештајот за напредокот на земјата од Европската комисија – истакна тој.

Поврзани новости