По објавата во „Фокус“: Версаче од Арачиново стана главна ѕвезда во Британија

by fokus

 Скопјанецот Шенки Версаче, за чија опсесија со познатиот моден бренд пишуваше „Фокус“ на почетокот на месецов, се лансира во светот на популарноста и според коментарите на светската читателска јавност, тој е новата ѕвезда во Македонија, која може да се мери и со Ким Кардашијан, доколку прифати да биде дел од реално шоу.

Сторијата за триесетгодишниот бизнисмен го привлекла вниманието на британскиот магазин The Sun, кој три дена по објавата во „Фокус“, ја превзеде веста и на светската јавност и го претстави уникатниот Шенки.

thumbnail_14794001_1113321892083084_1634384038_n

Инаку, Шенки е познат по тоа што својата фасцинираност од модниот бренд Версаче ја презентирал во секој ќош на својот дом, и потрошил над милион евра за да си ја среди куќата во Арачиново со брендиран мебел, постелнина, садови, фасада, па и базен со логото на Версаче, а исто така и речиси секое парче облека го купувал од специјализираните продавници на Донатела Версаче во Италија.

Покрај куќата, базенот, автомобилите, Шенки деновиве го подготвува и својот кафе бар во Скопје во стилот на неговиот омилен бренд, и секако планира да му го даде името ,,Версаче“.

Британците воодушевени и изненадени од него, го опишуваат дури и како голема модна жртва, која што плаќа 188 евра за боксерки и 45 евра за чорапи Версаче, но истовремено и ја шокира светската јавност со изјавата дека и во Македонија може да се живее убаво.

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Shenki Maslani, Albanian car salesman obsessed with Versace

Освен британски The Sun, сторијата на „Фокус“ ја презедоа и голем број  балкански медиуми и го опишаа како ,,момчето кое што е главна вест во регионот“.

Шенки ни кажа дека е радосен поради популарноста која што во последно време значително му пораснала и му донела многу понуди за снимање на емисии од целиот регион, кои ги одбил поради недостиг од слободно време. Покрај понудите од медиумите, неколку српски старлети јавно му порачаа на македонскиот Версаче дека не би имале ништо против да го запознаат, па дури и да му станат сопруги, бидејќи и самите биле големи модни жртви.

 Вики Клинчарова

Поврзани новости