СЈО заплени документација за „Скопје 2014“

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), со судска наредба, вчера запленило документација од Министерството за култура за предмет поврзан со Скопје 2014, дознава БИРН. Неофицијално, станува збор за документација за тендер вреден околу 1 милион евра за изградба на Музејот на македонската борба.

Овој музеј е еден од најголемите потфати на Владата на ВМРО – ДПМНЕ за проектот „Скопје 2014′. Според склучените договори документирани во базата на податоци на БИРН, „Скопје 2014 под лупа“, изградбата на Музејот чини над 16 милиони евра, но, според бројот на склучени договори, тој е на првото место.

За изградбата на Музејот склучени се 123 договори со правни и со физички лица, наведува Призма.

Поврзани новости