По Могерини, Заев во Брисел се сретна и со Туск

by fokus 13:28
13:28

Премиерот Зоран Заев во рамки на првата официјална посета на Брисел, пред малку се сретна и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, откако заврши неговата средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини.

Заев попладнево треба да се сретне и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, а потоа во седиштето на НАТО и со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

- Advertisements -

И со двајцата, премиерот ќе одржи одделни прес-конференции.

Поврзани новости