По Грција и Бугарија ќе успееме ли да ја убедиме Труција да ни даде гас и струја?

by Fokus

Отако во јавноста излегоа информациите дека договорот со Бугарија за набавка на одредени количини на стурја од таму е пропаднат, минстерот Бектеши, директорот на МЕПСО Муртезани и на НЕР Барјам Реџепи во четврток заминуваат за Истанбул. Ќе се разговара со турски Бошат, компанија која врши пренос на гас, за да се види дали има можнсот од таму да се обезбедат потребните енерегенси за престојната зима.

Бектеши уверува дека договор со Бугарија не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Планот е ако има договор со Софија, оваа електирчна енегија да оди дирекно за фирмите кои се на отворен пазар и кои во моментов плаќаат значително повисока цена за мегават.

-Точно е дека Владата и претставниците беа на состаноци и потпишаа меморандуми за снабдување со јаглен, мазут и струја во Грција, но реалноста е поинаква бидејќи досега потпишан договор за снабдување со енергенси по октомври нема, а со тоа нема ниту стабилност за зимскиот период како за граѓаните така и за фирмите, вели за „Фокус“ професорот Константин Димитров.

Според него ако предвидените количини не се ставени на хартија, тогаш се само празни зборови и остануваат на „ќе“, а тоа ќе не знаеме кога ќе се случи.

-Ќе крпиме од ден за ден, така ќе биде зимата. Доцниме со се, овие средби Владата требаше да ги има уште минатата година или најдоцна летото, додава тој.

Бектеши пак тврди во тек се разговори со сите соседни земји како полесно да се помине престојната зима. За скоро ќе биде објавен договорот кој земјава го има направено со Србија, а за набавка на енергенси се преговара и со Албанија и Косово. Претходно владин тим беше во посета и на Атина каде падна договор за испрака на јаглен и мазут до крајот.

Соња Танеска

 

Поврзани новости