466
Мандатарот Зоран Заев треба да ја отвори денешната седница за избор на влада со експозе за составот и програмата на владата.
Потоа, пратениците ќе имаат можност денес и утре да расправаат, при што, според деловникот мора да се произнесат за новиот владин состав и програма најдоцна утре на полноќ.
Денес и утре во парламентот се очекува жестока дебата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од една страна и меѓу ДУИ и БЕСА од друга страна.