Српската влада одлучи да не воведе полициски час во Белград поради влошената ситуација со коронавирусот, што беше повод за нередите во главниот град во изминатите два дена, при што беа повредени десетици полицајци и демонстранти.
„Разговаравме за евентуално враќање на мерките кои беа на сила во март и април. Се договоривме да не воведуваме мерки на територијата на целата земја, туку само во деловите каде што ситуацијата со коронавирусот е нестабилна“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.
Место тоа, во Белград се забрануваат сите собири на отворено и во затворено со повеќе од десет луѓе, а продавниците и трговските центри нема да работат од 21 до шест часот.
Претседателот Александар Вучиќ во вторникот најави враќање на полициски час, што поттикна протести во Белград, при што дојде до упад во српскиот парламент и до жестоки судири помеѓу полицијата и демонстрантите.