Нови 168 заразени од Ковид 19, вкупната бројка достигна 7.572

by Fokus

Нови 168 заразени од Ковид 19 во последните 24 часа на направени 1.470 тестирања, информираа од министерството за здравство.

Од регистрираните случаи на Ковид 19, 83 се во Скопје, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572,  бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3656, активни 1928
•       Куманово 818, активни 179
•       Дебар 120, активни 67
•       Штип 411, активни 166
•       Прилеп 289, активни 58
•       Тетово 831, активни 351
•       Струга 288, активни 187
•       Велес 198, активни 36
•       Битола 65, активни 24
•       Охрид 218, активни 189
•       Кавадарци 22, активни 15
•       Гостивар 188, активни 115
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 18, активни 10
•       Крива Паланка 18, активни 12
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 8, активни 4
•       Кочани 76, активни 17
•       Пробиштип 30, активни 19
•       Демир Хисар 3, активни 2
•       Македонски Брод 7, активни 5
•       Пехчево 6, активни 2
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 6, активни 3
•       Свети Николе 58, активни 51
•       Кичево 58, активни 49
•       Ресен 129, активни 88
•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 360
•       Аеродром – 166
•       Бутел – 156
•       Гази Баба – 210
•       Центар – 156
•       Карпош – 153
•       Сарај – 140
•       Кисела Вода – 114
•       Ѓорче Петров – 111
•       Студеничани – 121
•       Шуто Оризари – 89
•       Арачиново – 46
•       Илинден – 34
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 7
•       Зелениково- 13
•       Странец – 5
•       Нераспределен- 11

Поврзани новости