Владата ќе паднеше по бегството на Мијалков, па мораше да се тропне на маса, вели Заев

by fokus

Кога избега Сашо Мијалков се знаеше дека владата ќе падне, па мораше да се тропне на маса, ги стегнавме институциите или ќе имаше оставки, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Слободен печат за бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Дефинитивно кога гледате нема сериозен успех, посветено и тропате на маса, тука се знаеше, влада ќе падне. Ќе продаваме прочистување на судството, избега Грувски, па Мијалков и што? Така што, или ќе ја завршите работата за тоа што ве плаќа народот сто отсто по закон , или си одите до четврток сабајле, а петок-сабота веројатно јас. И ќе дојде ново дете, што вика Цацко. Тоа е во демократијата, изјави Заев.

Вели дека тој лично научил многу од бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, па тоа што можело да се направи тогаш, институциите го направиле во случајот на Мијалков. Очекува истрагата на обвинителството да ги покаже евентуалните пропусти на институциите, иако Мијалков се појави.

-Знаете како, обично службите Агенцијата за национална безбедност е институција што работи дома, Агенцијата за разузнавање е за надвор. И сега викаат абе којзнае на кој континент е, ибегал, па бил во Белград итн…зошто? Така тие нема да работат, ако е надвор нема што да работат. Ало, не е надвор, тука е! Да си ја завршите работата, рече Заев.

Поврзани новости