По 28 години, јавноста ја виде сопругата на Здравко Чолиќ

by fokus 16:45
16:45

По петнаесет години брак, и 28 години врска, јавноста конечно ја виде сопругата на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ. Фотографијата од таинствената Александра ја објавија голем број на медиуми од целиот регион, а многу на обожавателки на пејачот коментираат на социјалните мрежи дека се изненадени, бидејќи со оглед на неговата популарност кај понежниот пол, очекувале покрај него да видат атрактивна секс бомба, додека неговата сопруга изгледа доста скромно и сосема поразлично од моделите во неговите спотови.

Александра, со која што пејачот ги има ќерките Уна (15) и Лана (10) отсекогаш била енигма за обожавателите на Чолиќ. Со години наназад тој вешто ги избегнува новинарските прашања околу семејството и приватниот живот, и јавноста беше изненадена кога пред две години во спотот за неговата песна ,,Есма’’ се појави неговата постара ќерка Уна, заедно со нејзини другарки. Сепак, големиот балкански срцекршач и миленик на женската публика досега само неколкупати во јавност прозборел за сопругата. Пред две години во интервју за хрватски медиум изјави како неговата сопруга била нападната со нож од негова обожавателка и поминала со лесни повреди, а пред тоа исто така за хрватското списание ,,Стори’’ откри дека Александра го познава многу добро, ја разбира неговата работа и премногу не се меша во неговата кариера бидејќи е окупирана со децата.

- Advertisements -

Чолиќ, кој што во мај ќе наполни 66 години е една од најголемите музички ѕвезди уште од времето на СФРЈ. Зад себе има голем број на хитови кои што и денес се пејат, а чест гостин е во Македонија.

Лани беше главна ѕвезда на манифестацијата ,,Штипска пастрмајлијада’’ во Штип, а пред тоа и на манифестацијата ,,Етно фестивал’’ во Берово каде што собра 40.000 посетители и ја отвори продавницата за здрава храна ,, Zegin healty food’’. Тој важи за еден од најплатените пејачи на Балканот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости