Хан: Време е да се покаже демократска зрелост

by fokus 18:36
18:36

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска си замина од Македонија, без конретна порака од ЕУ, бидејќи како што рече, тој бил дојден само да слуша и да пренесе информации од прва рака.

На последната прес-конференција им порача на политичките партии дека е време да покажат демократска зрелост и да донесат квалитетни одлуки за формирање влада, која ќе остане на европската агенда.

-Најважен е квалитетот, а не брзината. Тие треба да преговараат, да покажат демократска зрелост, да имаат одлична програма која се потпира врз Пржинскиот договор. Треба да се посветени и на европските перспективи. Ако биде така, убеден сум дека земјата има светла иднина – изјави Хан.

Поврзани новости