По 26 години, Александар Велики „никна“ во Атина

by fokus

Откако од 1992 година првпат беше претставен на јавноста, а во 1993 година откупен од Министерството за култура на Грција, споменикот на Александар Велики, но во поинакво, во младо издание, а не како војник, вчера по 26 години беше поставен во центарот на Атина.

Според информациите, утре наутро ќе биде и свечено откриен во присуство на атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис.

Споменикот денеска е покриен со платно, а работници интензивно работат на уредување на просторот околу споменикот. Се поставуваат плочки, се фарбаат бандерите, се средува делот под споменикот, за се да биде подготвено за утрешниот ден.

Она што не останува незабележано е букетот цвеќиња закачен на споменикот. Никој од работниците што работата на уредувањето на просторот не знаеше кој и кога ги оставил цвеќињата.

Споменикот е дело на скулпторот Јанис Папас и е со висина од 3,5 метри, а изминатите години доста често беше во центарот на вниманието на грчката јавност поради неможноста да се најде соодветен простор за негово поставување.

Во 2014 година градоначалникот на Атина презеде иницијатива и одговорност за да се стави крај на недоразбирањата и споменикот да биде поставен во грчката престолнина, а општинскиот совет, една година подоцна донесе одлука за местото каде што ќе се постави.

Поврзани новости