По 2.000 евра казна за 17 битолчани кои го прекршиле полицискиот час, бара обвинителството

by fokus

Обвинителството во Битола бара со по 2.000 евра да се казнат 17 битолчани кои го прекршиле полицискиот час за време на викендот.

-Обвинетите во периодот од 10 до 12 април, за време на пандемија на опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност, велат од Обвинителството

Претходно, и скопското обвинителство соопшти дека бара казни за 13 лица кои на територијата на Скопје не ја почитувале забраната за движење.

Поврзани новости