По 12 години, Хамшик си замина од Наполи

by fokus

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, објави дека Марек Хамшик ќе ја продолжи кариерата во кинескиот клуб Далијан Ифан.

Трансферот на Хамшик ќе му донесе на Наполи 20 милиони евра, додека фудбалерот треба да добие 27 милиони евра за следните три сезони.

Хамшик игра за Наполи од 2007 година, откако запиша 520 настапи за италијанскиот клуб, постигнувајќи 120 гола и 111 асистенции.

Поврзани новости