656
Македонската влада исплати 12,2 милиони денари од државниот буџет како помош за штетите настанати од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, односно по 6,1 милион денари, или 100 илјади евра за секоја земја, информираат од Министерството за финасии.
Исто така, владата одлучи сите средства што ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација да бидат до денар исплатени како хуманитарна помош за настраданите во двете земји, сосе ДДВ-то.
Заклучно со денеска, од трите телефонски оператори се собрани нешто повеќе од 150.000 евра, додека преку уплатна на жиро сметка околу 44.000 евра.