Расмусен: Членство во НАТО по решение на спорот за името

by Фокус

Македонија ќе стане членка на НАТО само откако ќе го реши спорот за името со Грција, порача генералниот секретар на воено-политичката алијанса, Андрес фон Расмусен, по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, која е дел од неговата посета на регионот во пресрет на есенскиот самит во Кардив.

– Хашката пресуда не е применлива во НАТО, таа се однесува за билатералните односи меѓу Македонија и Грција. Одлуката за тоа е донесена уште на самитот во Букурешт во 2008 година – дециден беше тој, додавајќи оти иднината и стабилноста на земјава е многу важна.

Премиерот Груевски, пак, истакна дека посакува да најде решение на спорот што, според него, јужниот сосед го отворил пред дваесетина година.

– Ние ќе настојуваме да се најде решение, но тоа треба да го направи и другата страна – рече првиот човек на македонската влада.

Поврзани новости