Лалакос: Грција е спремна да разговара за компромис за името!

by Фокус

Во Грција има готовност да се интензивираат разговорите околу постигнувањето на компромис со Скопје во рамките на процесот кој што се води при ООН, рекол грчкиот амбасадор во Македонија, Харис Лалакос, на денешната средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според соопштението од ДУИ, Ахмети ја подвлекол одговорноста за директен придонес кон постигнување на компромисно решение со јужниот сосед, при што меѓународното олеснување би го придвижил процесот на постигнување на компромисното решение.

Претходно, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека земјава ќе настојува во правец на изнајдување на заедничко решение, но, додаде тој, тоа треба да го прави и другата страна.

Поврзани новости