Плоштадот подготвен за папата, силни безбедносни мерки

by fokus

Папата Франциск веќе пристигна во Македонија, во својата официјална прва посета на земјава. Главниот настан ќе биде на плоштад Македонија, каде полека се собираат многу луѓе.

На определените влезови за плоштадот има силно полициско обезбедување и проверките одат мошне споро.

Предвидено е папата да оствари средба со премиерот Заев и претседателот Иванов во неговата вила на Водно. Во 11 часот е предвидена мисата на плоштадот.

Ј.Ц.

Поврзани новости