Плевнелиев за македонско-бугарскиот однос: Кавга меѓу браќа се чини најтешка за решавање!

by Fokus

Во интервју за „360 степени“, некогашниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев дава свое согледување за проблемите во односите меѓу двете земји кои, според него, може да се решат единствено низ дијалог, преземање јасни чекори и мерки, а не со притисокот од САД и ЕУ кон Бугарија.

„Многу е важно нашите пријатели во Република Северна Македонија и нашите браќа да разберат – да, ние сме како браќа и како браќа се сме се скарале во моментот. Понекогаш таква караница меѓу браќа, се чини, најтешка за решавање и таа ќе се реши, не со притисок од надвор, туку ќе се реши меѓу нас – кога ќе седнеме и чесно ќе постигнеме резултати, така што, двете страни ќе се убедат дека прашањата се решаваат. САД ќе продолжат со притисокот врз Бугарија зашто во Скопје веруваат дека САД се стратешки партнер. Но, САД се стратешки партнер и на Бугарија и не заборавајте дека Бугарија за милијарда долари купува американски авиони, Бугарија направи гасоводи за милијарди за американскиот гас да може да стигне до Европа. Така што, само со притисок од САД или од ЕУ, каде – да, Република Северна Македонија наидува на разбирање, а од каде Бугарија добива јасни сигнали дека треба да се постигне решение, но Бугарија е членка на ЕУ“, вели тој.

Поврзани новости