431
Во своето последно интервју како претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев упати последни провокации кон Македонија.
-Македонија треба да влезе во Европската Унија и тоа е кауза и за Бугарија, но не и македонизмот. Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија- рече Плевнелиев.