Попоски: Плевнелиев креира лажни закани и поттикнува фобии

by fokus 18:21
18:21

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски преку статус на својот Фејсбук профил, одговори на провокациите на доскорешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој рече дека македонизмот е антидемократска идеологија, која не треба да влезе во ЕУ.

-Благодарност до Бугарија од Македонија! Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија. Потоа следеа сите други пријатели. Претседателот Жељу Желев имаше демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани. Даде недвосмислена поддршка во тешки моменти за сосед како нас. Голем човек несомнено, кој ја заслужува сета наша почит. Тоа беа други времиња, други луѓе. Колку би било добро и оној кој до вчера ја имаше истата функција, Плевнелиев, да ја имаше истата широчина, визија и почит за волјата на граѓаните на соседна држава. Да покаже сила и мудрост и да одбере пораки на мир, подавање на рака и одлучна поддршка за сите да бидеме во Европското семејство час поскоро. Тоа сигурно е покорисно отколку гонење на митови, креирање лажни закани и поттикнување на фобии. На крајот на денот, сите сме луѓе кои сакаат спокојство, благодет во живеењето и почит од ближните. Баш такви какви што сме. Лидерите се за да ни го покажат патот што не води во тој правец и да не поврзат – напиша Попоски.

- Advertisements -

Поврзани новости