Турција нема веќе да ги признава македонските дипломи

by fokus 15:51
15:51

Турција го раскинува договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа.

Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари.

Македонските студенти во Турција не биле информирани и се вознемирани што ќе значи тоа за нивните студии. Од македонските министерства за образование и за надворешни работи не се достапни за коментар. Тие не сакаат да кажат зошто еднострано се раскинува билатерален договор и какви последици ќе донесе тоа.

Одлуката на Турција доаѓа откако македонските власти не презедоа конкретни мерки по барање на турските власти за затворање на училиштата и фондациите за кои Анкара смета дека се поврзани со движењето на Фетула Ѓулен.

Поврзани новости