Пленумците повторно бараат од Иванов да стави вето

by Фокус 16:46
16:46

И, покрај неодамнешната средба со шефот на државата Ѓорѓе Иванов, пленумците денеска повторно испратија писмо до него, во кое уште еднаш побараа да не го потпише указот за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование, заедно со останатите четири закони од областа на образованието, и да го врати на пратениците на повторно разгледување.

– Знаеме дека и покрај евентуалното вето, Собранието со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници може да ве „принуди“ да го ставите потписот покрај оној на претседателот на Собранието. Но, сакаме да веруваме дека Вие ќе настапите самостојно, независно, како некој кој е избран на директни избори, како некој чиј легитимитет извира од нас, граѓаните, а не од парламентарното мнозинство – се наведува во писмото испратено до претседателот.

- Advertising -

Поврзани новости