Пленумка: Грд ви е Законот, како и фасадата

by Фокус

Елена Димитриева од Студентскиот пленум напиша белешка на својот фејсбук профил, во која уште еднаш на властите им објасни зошто е потребен нов закон во образованието. Нејзиниот став ви го пренесуваме интегрално:

За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.

Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн
Жал ми е што живееме во недемократска држава, па ваквите методи ни се единствен начин да се избориме за правда, за автономија, за слобода!

Ако мислите дека тоа што има окупација е лошо затоа што се губело од редовните предавања, изгледа НЕ СТЕ СВЕСНИ КАКВА ИДНИНА ВЕ ЧЕКА И ГИ ЧЕКА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ доколку не се укинат новите законски измени за високо образование.

Пленумците се студенти со развиена свесност, граѓанска одговорност и солидарност. Ова што ние го правиме е борба за спас на универзитетот кој треба да биде матрица на образовани слободни умови, а сакаат да го направат матрица на полуписмени безрбетници.

Нашето барање е едноставно: САКАМЕ НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧИЕ СОСТАВУВАЊЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И НИЕ СТУДЕНТИТЕ!

Нашиот тим е подготвен! Ајде да направиме нов закон кој НАВИСТИНА ќе ги реши проблемите во ВО и студентскиот стандард! Овој кој си го изгласавте во 3 сабајле ви е грд исто како фасадата и нема да ви помине оти ние не сме експериментални глувци! Нема така лесно да ви поминат лагите и манипулациите! Ние не гледаме Сител.

Читаме книги и мислиме со свои глави!

Поврзани новости