412
Новинарот Драган Павловиќ – Латас се жали кај Филимена Маневска, сопруга на екс министерот за правда Михајло Маневски, поради тоа што сите случаи за клевета што ги добил на основен суд потоа паѓале на апелација – ова е содржината од последниот петти разговор што денеска го објави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Слушај Латас, јас ви реков – како стасуваат горе на апелација одма јавувајте ми – му одговара Маневска.
Притоа, Латас го споменува новинарот Борјан Јовановски, Маниќ (Александар Маниќ порано јавно велеше дека добил закани од Латас да го затвори кафуелто „Манда“) и претседателот на Советот за радиодуфизија чија жена била сдсмовска функционерка во Прилеп, веројатно мисли на претходниот претседател на Советот Зоран Стефановски.