Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која до крајот на октомври ќе заокружи две години од своето владеење со главниот град наводно во наредниот период планира да формира партија под нејзино раководство дознава „Фокус“ од неофицијални извори.
Според нашите информации, оваа партија би била надвор од рамките и на владејачката СДСМ, но и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од кои Арсовска на последните локални избори во 2021 година доби целосна поддршка за да биде избрана за градоначалник, иако таа настапуваше како независен кандидат.
Нашите информации уште говорат дека актуелната градоначалничка веќе во полн ек се спрема за формирање на партијата, која би го носела името „Партија на правдата“.
Претходно, пак постоеја муабети дека може да влезе и во партијата на градоначаникот на скопски Карпош, Стевче Јакимовски, ГРОМ со кој имаа добри бизнис релации. Но, некако во последниот период ништо околу оваа тема не се споменува.
Кои се луѓе би можеле да бидат дел од нејзината партија, ако се формира не се знае. Но, едно е сигурно дека тука ќе биде нејзината десна рака генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, како и еден од најблиските соработници во сенка, Драган Митковски, воедно близок до нејзиниот татко Ванчо Јовановски, за кои „Фокус“ веќе пишуваше во неделникот.
Какви бизниси и гревови „кријат“ најблиските соработници на Данела Арсовска?
Тие и досега и останаа едни од најверните соработници, иако откако Арсовска седна на градоначалничката фотеља, таа за кратко време се скара и со „вмровците“, но според нашите информации нема добра соработка и со дел од вработените во Град Скопје.
Арсовска кога се кандидираше за градоначалник на Скопје не и беше позната на јавноста. Единствено што се знаеше за неа е дека дооаѓа од редовите на Сојузот на Стопански комори, кој го предводела со години.
Сепак, за кратко време на површина почнаа да излегуваат бизнисите и имотот на нејзиниот татко, со што „Фокус“ се занимава веќе втора година по ред.
(АРХИВА) „Фокус“ направи фотографии од луксузните згради, старски домови, хотели на таткото на Арсовска
На површина ги извадивме сите бизниси на таткото на актуелната градоначалничка, фирмите кои ги поседува како и целиот недвижен имот низ Скопје.
Таткото на „градската мајка“ изнајмува деловни објекти и гради хали на земјиште од 17 илјади квадратни метри во Гази Баба!
Но, Арсовска се најде во уште еден скандал, кој го откривме, а тоа е дека лани беше повикана во полициска станица на разговор за опожареното возило на извршната директорка на ССК. Случајот стигна и до Јавно обвинителство.
(АРХИВА) Арсовска повикана на разговор во полициска станица за опожарено возило
„Фокус“ досега редовно праќа прашања и покани за интервју со актуелната градоначалничка, но досега не сме добиле повратен одговор.
Ирена Мулачка