Планинарска каша-попара со домот на Водно

by Fokus

Низа претумбации се случуваат во изминатиот период помеѓу Федерацијата за планинарски спортови на Македонија, планинарскиот клуб Х2О и некогашниот управител на домот „Даре Џамбаз“ на Водно, планинарскиот клуб „Бистра“.

Првиот човек на овој клуб, Коле Мајнов преку социјалните мрежи информираше дека извојувале уште една победа во правната битка што ја водат со Федерацијата за планинарство, по предавањето на планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на планинарско-спортскиот клуб „Х2О“.

„Граѓанскиот суд на Р. М. донесе пресуда со која нашето тужбено барање се усвојува. Се утврдува дека на ден 16. 03. 2021 тужените ФПСМ и ПСК Х20 насилно го одзеле владеењето на тужителот Планинарскиот Дом Даре Џамбас. Се задолжуваат тужените веднаш да го вратат на тужителот владеењето врз планинарскиот дом“, соопшти Мајнов на својот профил на Фејсбук.

Од друга страна, Живко Темелковски од ФПСМ е разочаран што медиумите покажуваат интерес само за овој случај, а најави и жалба од незадоволната страна.

„Во Скопје од 28 април до 3-ти мај се одржуваа генерални собранија на Светската, Европската и Балканската планинарска организација во организација на ФПСМ. Беа присутни 120 претседатели на планинарски федерации од 120 земји во светот. Беа повикани новинари да направат прилози. Никој не дојде. А за домот на врв Водно по цел ден ми се јавуваат новинари. За лагите, невистините, клеветите на Коле Мајнов од Бистра кои ги пласира во јавноста. Тоа е само првостепена пресуда. Незадоволната страна има право на жалба, така е по закон“, истакна Темелковски за „Фокус“.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости