„Планетата е во ред. Луѓето се за никаде.“ – Џорџ Карлин

by lali 22:27
22:27

Овие неколку дена сите излеговме со став, со теории, со зафаќање страни, со правење паралели и споредби, со толкување и сопсвени објаснувања за ова што се случи во Турција и претходно во Ница. Во цел тој куршлус, една работа свесно или несвесно ја занемаруваме – човечките животи!

Тие за нас се само бројка, а толку многу жртви се страшен показател за тоа дека вреднувањето на човечкиот живот стигна до нула, до дното. Веќе не не потресуваат и не не згрозуваат изгубени човечки животи, ги прифаќаме како бројки, како инсекти, како нешто најнормално, без емпатија, без сочуство. А бе гинеа луѓе во Турција, во Ница, гинат во Сирија, гинат секаде каде се наметнуваат лудите човечки желби за власт, за моќ, за надвладеење, за болни интереси. А таму „обичните“ луѓе се користат како муниција, како шкорчиња од кибрит.

Од друга страна пак, науката ни помага да делиме неутрони на пола, да праќаме сателити на други планети и да бараме и бидеме блиску до невозможните одговори на најтешките прашања. Што сме ние и кои сме ние? Каде припаѓаме и зошто постоиме? И сето тоа на крај се обидуваме да го дознаеме за што?!? Да стигнеме до состојба на умот за целосно го девалвираме човечкиот живот и нашето човечко постоење?! Не јасно ми е. Не знам што треба да запре ова светско лудило, ама знам дека вака и со ова темпо нема далеку да стигнеме.

Или како што вели легендарниот Џорџ Карлин: Само што ја открив суштината на животот… и тие ја сменија.

Освен тоа, и друго помислив. А бе ќе дочекаме ли бре некад наш премиер да застане на црвено без придружба од 10 други коли и да чека да помине на зелено без да затвори улици? Онака ко што е редот во сообраќајот. (Оп стоп, не важи ова за Емил)!