Туристичката комора уверува дека граѓаните слободно може да летуваат во Турција

by Фокус

Стопанската комора за туризам на Македонија тврди дека нема проблеми со безбедноста во хотелите во Турција и дека македонските граѓани кои планираат летување таму не треба да стравуваат од новонастаната ситуација.

-Воопшто нема никакви промени во однос на безбедноста или ситуацијата во туристичките комплекси каде што се нашите македонски туристи. Редот на летање е ист и засега нема никакви најави за промена“, рече претседателот на СКТМ Ѓорѓи Вчков.

Според податоци од агенциите, во моментов има околу илјада македонски туристи во летувалиштата во Турција.

-Сите туристи се здрави, исконтактирани се од страна на туристичките агенции. Си го поминуваат одморот, одат на плажа и се бзебедни, пред се. Дел од нив се враќаат вечерва, дел од нив утре, има различни аранжмани – додаде Андреј Сирачевски од АСА-тур.

Поврзани новости