Турските медиуми објавија листа со главните заговорници на пучот, Ергодан го бара Ѓулен од САД

by Фокус

Властите во Турција уапсија 2.839 лица, главно воени старешини, кои обидоа синоќа се обидоа да ја соборат владата, но нивниот обид заврши неуспешно откако им се спротивстави поголем дел од полицијата и граѓаните.

Турските медиуми веќе посочија 14 лица, кои стојат зад превратот, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и вечерва во Истанбул како главен инспиратор на пучот го посочи проповедникот Фетула Ѓулен кој живее во САД.

Воедно, Ердоган побара САД да го екстрадира за да му се суди за предавство, но американскиот државен секретар Џон Кери возврати дека за таквите тврдења мора да има докази.

Ѓулен, кој ги негира сите обвинувања, во 2002 година беше сојузник на партијата на Ердоган затоа што си двајцата го делат религиозниот конзервативизам.

Но во 2013 година доаѓа до прекин на пријателството поради корупциски скандал во кој се вовлечени многу блиски на Ердоган.

Повеќе високи функционери од неговата партија се уапсениа а власта го обвинува движењето на Ѓулен – Хизмет дека креира паралелна држава.

Борбата за превласт се трансформира во масивни чистки во судството и полицијата како и кај медиумите и граѓанското општество.

Поврзани новости