Пивковски, кој Груевски пред четири години го нарече ортак на Велија Рамковски, повторно независен кандидат за градоначалник на Могила

by Fokus 00:17
00:17

„И по цена на живот, продолжувам со кампањата“. Вака, во 2013 година независниот кандидат за градоначалник на битолска Могила, а сега актуелен прв човек Стево Пивковски директно му се спротистави на екс премиерот Никола Груевски, кој на еден од митинзите му порача на Пивковски да биде среќен што не е во друштво со ортакот Велија Рамковски.

Пивковски и на престојните локални избори кои ќе се одржат на 15 октомври ќе се кандидира за независен кандидат за гардоначалник на Могила.

Покрај него кандидатура за независен градоначалник поднесе актуелниот градоначалник на Центрар, Андреј Жерновски. Понатаму, потписи собрале и Кирчо Ташков и Јорго Огненовски за Битола, Горан Китевски и Стевче Стевовски за Охрид, Тони Ѓуровски за Гази Баба, Борис Давидов за Кавадарци, Маријанчо Анделовки за Куманово, Насто Палиоски за Струга…

- Advertising -

 

 

Поврзани новости