Таравари ќе си поднесе оставка од министерската позиција по консултација со неговиот правен тим

by Fokus 01:42
01:42

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека оставка од министерската позиција ќе си поднесе во наредните неколку денови, откако најпрвин ќе се консултира со неговиот правен тим, истакна тој во анализата на „24Вести“.

До таквата одлука дојде, откако партијата Алијанса за Албанците, од каде што доаѓа Таравари одлучи него да го кандидира за градоначалник на Гостивар.

Тој претходно изјави дека ако ги изгуби локалните избори, во тој случај ќе се збогува со политиката, додавајќи дека повеќе нема да има никаков политички кредибилитет.

- Advertising -

Поврзани новости