Претседателот на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска е повикана на информативен разговор во полиција, за сторен прекршок за време на протестите.
Ова е втора полициска покана на адреса на активист од Хелсиншкиот комитет, откако вчера универзитетскиот професор Гордан Калајџиев доби казна од 50 евра или општествено полезна работа поради фрлање боја по објект од проектот Скопје 2014.
Пировска најавува дека за овие постапки ќе се обрати до меѓународната заедница.
-Очигледно е дека станува збор за хајка кон луѓето што се учесници на Шарената револуција но и претстваниците на граѓанските организации ги поддржувааат протестите. Хелсиншкиот Комитет беше доста таргетиран во провладините портали, се знае дека ние уште од минатогодишните протести почнавме да даваме бесплатна правна помош за сите кои беа приведени и тоа се случува и годинава.
Јас јавно изјавив дека сум фрлалала боја и дека тоа е мое легитимно право како граѓанин да го изразам револтот против укинување на државата и против криминалите на овие луѓе во власта. Не чувствувам на вина за она сум го сторила, ќе продолжам да го искажувам својот револт на начин на кој што одговара на состојбите во државата и ќе продолжам да бидам дел до Шарената револуцијуа. Ако мисли власта дека на овој начин ќе ги заплаши луѓето се лаже, повеќе се засилува нивниот револт и порив да излезат на улица, вели Пировска за НОВА.