Дали УЈП оддава лични податоци?

by Фокус 12:10
12:10

Веб-порталот Нетпрес објави имиња и лични примања на повеќе од 60 физички лица, во обид да ги претстави како странски платеници, бидејќи земале плати или хонорари од невладини организации, каде што, впрочем, најголемиот дел и се вработени. Објавени се нивните имиња и презимиња, платата што им легнувала на сметката и хонорари – податоци кои се тајни, приватни и заштитени со закон.

Единствената институција каде што на едно место доаѓаат годишните извештаи на фирмите е Управата за јавни приходи (УЈП), по што нужно се раѓа сомнежот дали од оваа државна институција протекуваат личните податоци за граѓаните.

- Advertising -

„Ве известуваме дека информациите и другите факти добиени во даночните постапки кои ги води УЈП се предмет на даночна тајна, односно не се предмет на комуникација со јавноста и медиумите, во согласност со Закон за даночна постапка (член 9) и Упатство за односи со јавноста и комуникација со медиуми. УЈП не може да тврди за веродостојноста на податоците, ниту пак за изворот на информации користени во објавите на веб порталот Нетпрес, земајќи предвид дека сопственици на вакви информации се и други носители“, стои во писмениот одговор што Призма го доби од УЈП.

Останува отворено прашањето кои други носители се сопственици на вакви информации, со оглед на тоа што станува збор за десетици правни лица, со различно сметководство.

целиот текст на Призма