– Нема основа ниту за прекршочна, а уште помалку за кривична постапка, бидејќи најголемиот дел од нив биле фатени, односно приведени при бегање, значи не успеале да се повлечат на време кога се случи оној сендвич помеѓу полицијата и демонстрантите. Ниту еден не бил фатен во толпа. Предупредуваме да не се случи истото сценарио од 5 мај 2015 година. Граѓаните имаат уставно право на протест. Тие вчера го покажаа својот револт за сето она што им се случуваше со години наназад. Граѓаните го покажаа својот револт за сите прекршувања на правда и на човековите права. Граѓаните вчера покажаа дека оваа власт веќе не е легитимна и дека треба да си оди. Граѓаните покажаа дека последниот чин на Ѓорге Иванов, кој што нема да го наречам претседател, претставува грубо кршење на човековите права. Вчера полицијата приведуваше луѓе, а господинот Ѓорге Иванов амнестираше криминалци, луѓе кои ги злоупотребија своите службени овластувања, кои ги злоупотребија државните ресурси за исполнување на своите лични интереси. И отткука протестите ќе продолжат, секој ден во 18, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет.