За денеска најавено интервју на претседателот Иванов со главните и одговорни уредници на телевизиите

by Фокус

Ве известуваме дека денеска  – 14 април 2016 години, четврток, со почеток во 15:00 часот, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,  ќе се одржи заедничко интервју на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со главните и одговорни уредници на следните телевизии: Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат – М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести.

Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов.

Интервјуто ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија  и на интернет страницата www.mrt.com.mk

Поврзани новости